Денеска, околу 13 часот, во просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на распит е доведен Љубе Бошкоски, осуден во случајот „Кампања“, за незаконско финансирање на партијата Обединети за Македонија.

27279golema

Во моментов Бошкоски е во просториите на СЈО каде трае распитот.

Предметот „Кампања“ е еден од случаите што СЈО ги презеде во своја надлежност.

Пред десетина дена во СЈО на распит беше повикан и припадникот на специјалните полициски единици Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, случај кој сега е во надлежност на специјалната обвинителка Катица Јанева.

 

META

 

Слични содржини