Консумирањето повеќе риба во текот на бременоста носи ризик од дебелина кај децата

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Научно истражување покажува дека жените кои јадат повеќе од препорачаните три пати неделно риба за време на бременоста, раѓаат деца со поголем ризик од дебелеење.4660673

Истражувањето објавено во “Журнал оф Американ Медикал Асосиејшн”. Научниците утврдиле поврзаност помеѓу поголемото количество риба, кое идните мајки го јадат и ризикот од дебелеење на детето, но не се докажани причините за таквата зависност.

За бремените жени не е добро да претеруваат со рибата за време на бременоста, бидејќи иако е корисен развојот на мозокот на фетусот, рибата содржи поголемо количество загадувачи од водите во кои живее, а меѓу нив е пример живата која може да биде многу опасна.

Истражувањето е направено меѓу повеќе од 26 000 бремени жени вклучувајќи ги и нивните деца до 6 годишна возраст.