Петтиот центар на островот Кос ќе отвори до пет дена, и покрај протестите

4660859 (1)

“Четири од петте миграциски центари во Грција се подготвени да  се отворат и да се соочат со бегалците”, објави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос во момент во кој Атина е под притисок од Европа за контрола на бегалскиот бран. Четирите  од долгоодложуваните “hotspot” центри  ќе  се отворат на островите Лезбос, Хиос, Лерос и Самос. Се очекува тоа да се случи утре.

Вторито центарот е сместен во поранешна фабрика во близина на аеродромот на островот Хиос. Објектот има капацитет дневно да прима до 600 мигранти и бегалци, а планирано е тој да биде проширен со цел да прима до 1.200 лица дневно.На отворање ќе присуствува грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.

“Петтиот центар на островот Кос ќе биде готов до пет дена, и покрај силниот  отпор од страна на локалните власти и жителите поради влијанието врз туризмот”, вели Каменос во Атина.

Во неделата полицијата употреби солзавец против демонстранти на островот, кои се противеа на плановите да се создаде таков центар. Премиерот Алексис Ципрас, кој ќе присуствува на самитот на ЕУ во Брисел во четврток и петок, е под силен притисок од страна на соседите на ЕУ да стори повеќе за да се запре  приливот  на имигранти кои бегаат од конфликтот и мизеријата на Блискиот Исток и на други места. Членките на ЕУ во петокот и дадоа на Грција квартален ултиматум да ги елиминира “недостатоците” во системот за контрола на мигранти или во спротивно ќе се соочи со укинување на безвизниот режим во Шенген. / АФП

 

 

 

 

Слични содржини