Ванхауте пак им твитна: Демократијата бара здрав разум!

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Белгискиот медијатор на преговорите, Питер Ванхауте, по синоќешниот неуспех да се дојде до договор за медиумските реформи, утрово на Твитер објави фотографија од намуртена мачка, со пораката: pvt2

„Демократијата бара компромис – бара разумни луѓе – бара здрав разум – бара компетентни политичари – бара да се биде во служба на народот!“. – се им напиша Ванхауте