Што всушност не помага за грип

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Во сезоната на грипот и настинките нема како да не се запрашаме дали лековите на кои сме навикнати навистина делуваат. Сè повеќе од искуство се убедуваме дека некои средства за борба со грипот и настинката всушност се сосема бескорисни. 5d7925474fae5600c96444bfaba02f5e

Кои се лекови кои не помагаат при грип?

Ехинацеја

Од ехинацејата се произведуваат какви ли не хомеопатски и билни лекови за ублажување на грип и настинка. Вистината е дека ехинацејата воопшто не помага при такви инфекции. Сепак некои експерти ја препорачуваат, иако постојат голем број на студии кои го побиваат дејството.  Злоупотребата на ехинацеа може да предизвика гадење, оток и проблеми со гастроинтестиналниот тракт.
efe25be8071436503b50a6ff7349448f

Витамин Ц

Од деца слушаме како кај грипот и настинка треба да земаме големи количини витамин Ц. Истражувањата покажуваат дека витаминот Ц не помага во никој случај во лекувањето на грип состојби. Дури не ги ни ублажува симптомите на вирусна инфекција.
Единствено што може да направи тој е да ви предизвика да уринирате почесто. Големите дози на витамин Ц може да предизвикаатуште гастроинтестинални нарушувања, камења во бубрезите и одложување на менструалниот циклус.

Женшен30eda7292fb3051278c2da738f0035af

Женшенот исто така нема да ви помогне при грипот, колку и да сте го слушнале спротивното. Тој може да предизвика несоница, нагли падови во шеќерот во крвта кај големи дози. Инаку е безбеден, но, пак, нема никаква особена акција против грипот.  Истражувањата утврдиле и ги демантирале неговите својства против грипот.

Пробиотициb435002044778bafdec245219270b7cc

Пробиотиците не можат да лекуваат настинки и грип, но пак можат да придонесат за нивно спречување. Една студија од 2011 година утврди дека пробиотиците го намалуваат бројот на луѓето кои се разболеле од вирусна инфекција. Но, доказите по прашањето не се особено категорични.  Од друга страна вирусите се толку многу и толку различни што дури и отворените лекови не дејствуваат подеднакво кај сите видови.