Американскиот амбасадор Џес Бејли синоќа, по неколку одлгања на барања на власта , конечно  пред Владата на РМ ја соопшти заедничката оценка на САД и на ЕУ за тоа дали се исполнети условите за одржување предвремени парламентарни избори на 24 април, согласно Договорот од Пржино.bejli_0

Локално  во продолжение интергално ја пренесува изјавата на амбасадорот Бејли:

„Кога се сретнавме со политичките лидери и изборните чинители на15 јануари во Скопје, се договоривме дека меѓународната заедница одблиску ќе ги набљудува подготовките за, и спроведувањето на предвремените парламентари избори, во моментов закажани за24 април во согласност со нивниот политички договор.

Предвремените избори, како што е предвидено со Договорот од ‘Пржино’, се планирани како клучен чекор во процесот на реформи, кои би ја вратиле довербата на граѓаните во изборните процеси, би обезбедиле правична конкурентност на идеи и политички гледишта и би овоможиле надминување на политичката криза во земјата. Оваа стратешка цел е повалидна од било кога.

Во текот на изминатите месец дена, во блиска координација со релевантни актери и експерти на меѓународно и локално ниво, како и со самите политички партии, внимателно го следевме напредокот и дававме совети во однос на одредени прашања.сооп сад

Овие прашања беа јасно и јавно предочени во писмото што ви го испративме на28 јануари. Ние укажавме дека ќе дадеме наша оценка во врска со спроведувањето на обврските од Договорот од Пржино пред да се распушти Собранието, во случај тоа да има потреба да разгледа прилагодување на времето на изборите.

Ние бележиме дека работата на Државната изборна комисија досега, како и наодите на сите релевантни експерти укажуваат дека во оваа фаза, неопходните услови за организирање на веродостојни избори на 24 април, во моментов не се исполнети, иако одреден напредок е постигнат. Исто така, сеуште не е постигнат договор за реформите во
медиумите за да се обезбедат порамноправни услови. Ние, исто така сме загрижени во врска со првичните известувања за вршење на притисок и заплашување на гласачи и на други.

Отидоа изборите за 24 април!

Сето ова е многу разочарувачки. Силно ги охрабруваме сите политички лидери, мнозинството како и опозицијата, и институциите да останат целосно посветени на Договорот од јуни/јули, вклучувајќи ги и досега преземените чекори од овој Договор. Ако изборите не можат да се оддржат на предвидениот датум, се очекува од политичките партии да работат со цел да ги преземат неопходните мерки за овозможување веродостојни избори на најраниот можен датум, и со целосно почитување на обврските како и тековната подготвителна работа на Државната изборна комисија. Ние разбравме дека партиските лидери го имаат споменато 5 јуни како можна алтернатива. Сега се потребни сериозни напори од сите чинители да обезбедат услови кои би овозможиле веродостоен изборен процес во кој сите граѓани и партии
слободно би учествувале.

Политичките лидери имаат одговорност да ги преземат неопходните чекори да ја вратат земјата на евро-атлантскиот пат со спроведување на политичкиот договор како и Итните реформски приоритети во интерес на граѓаните на оваа земја. Ние ќе продолжиме одблиску да го следиме и мериме напредокот.“

Слични содржини