Актерот Дејан Лилиќ ќе биде директор на културен центар во Истанбул

од desk3
238 прегледи

Министерството за култура го назначи актерот Дејан Лилиќ за директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул, Турција-јави А1он.

7235mala

Културниот центар во Истанбул ќе почне со работа годинава, а се наоѓа на познатиот плоштад Таксим.

Лилиќ, кој по директорскиот мандат во Македонскиот народен театар, повторно е актер во матичниот Драмски театар, назначен е на новата функција од Владата на Македонија, по предлог на Министерството за надворешни работи. Лилиќ беше директор на МНТ од 2010 до 2015 година.

Овој нов центар се отвара со спогодба меѓу двете држави за реципрочна соработка, па и турски културно-информативен центар ќе биде отворен во Скопје. Тој ќе се наоѓа во Куршумли ан, споменик на културата, кој ќе биде обновен од страна на Турција.

 

Извор:Аон