Состојки:
1 пакетче паста Пене
1/3 чаша сецкан млад или стар кромид
2 чешниња лук, мелен
1 и ½ чаши домати, сечкани на крупно
1 и ¼ чаши сушени домати, исечени
1 и ½ чаши варен артишок, сецкан
1 чаша варени пилешки гради
¼ чаша маслинки каламата
1/8 лажичка сол
1/8 лажичка црн пипер
2 чаши моцарела исечкана
2 лажици свеж босилек, сецкани
Подготовка:
Сварете ја пастата Пене во солена вода. Исцедете и оставете настрана.
Ставете голема тава за пржење. Загрејте ја на средна температура. Пропржете го лукот за околу 3 минути, додека да омекне. Потоа додадете лук. Прженете го 1 минута. Додајте ги мешајќи постојано и доматите, сушените домати, артишокот и пилешкото (претходно варени), маслинките.
Гответе за околу 5-6 минути.
Конечно додадете варена паста Пенеи промешајте за да се измешаат вкусовите. За финале ставете моцарела. Измешајте добро, за да се стопи и се сервира топло. Посипете со свеж босилек и зачини.