(ВИДЕО) Заев: Судот не сака да се утврди правдата!

од desk3
107 прегледи

Никаде во светот не постои суд којшто избегнува, одолговлекува и не сака да утврди правда. Ете зошто сениорската група на Прибе сугерираше Поглавје 23 и 24, реформи во правосудството. Еве зошто во договорот од Пржино стои реформи во правосудството. Ова го нема никаде во светот, освен најверојатно во Северна Кореjа.

 zaev

П1Зошто изнесувате ваква оценка?

 

Затоа што под изговор на класифицирани информации, судот којшто не поседува сертификат за класифицирани информации, не го доставува предметот на Специјалното Јавно Обвинителство. Истотот Специјално Јавно Обвинителство коешто поседува сертификат за класифицирани информации. Тоа значи само едно, одолговлекување до бесвест за да  Заев, Верушевски и другите ги сликаат пред судот, борејќи се за правда во пресрет на предвремените парламентарни избори. Никаде во светот не постои суд којшто не сака да утврди правда.

 

П2 Каков е вашиот коментар во однос на сведокот којшто го бара Катица Јанева. Кој е сведокот?

 

Сведокот е единствен во овој предмет, се вика Никола Груевски. Тој избегнува  да се појави овде пред судот. Тоа е вистината.

 

П3: Дали очекувате Хојт Ји нешто да помогне ?

 

Меѓународната заедница , секако овде и САД, се големи пријатели на Македонија и навистина вложија огромни напори и време за иднината на оваа наша Македонија. Верувам во делот на политичкиот процес да продолжат да вложуваат напори, не очекувам нешто во делот на судството и правосудните органи.