На Балканот се подготвува нов правец за бегалците кои бараат спас во Европа, предупреди германската телевизија Н-TV. Според телевизијата мигрантите од Грција може да тргнат кон Албанија и оттаму преку Црна Гора, Босна и Хрватска да продолжи кон Германија.

Сличен заклучок се прави поради големиот број мигранти кои се собрале во грчкото село Идомени до границата со Македонија. Нивниот број е 10 000 луѓе. Српската агенција Танјуг потсетува на изјавата пред три дена на албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, дека неговата земја нема да крева огради, ако бегалците влезат и поминат низ неа. Но премиерот Еди Рама вели дека Албанија нема да се претвори во правец на бегалците на нивниот пат кон Европа. За возврат црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ рече дека Црна Гора ќе мора да ги затвори своите граници за бегалците ако истото го направија и другите земји од ЕУ. “Црна гора ќе треба даја затвори границите, бидејќи Македонија ја затвори границата со Грција, а гранични ограничувања воведоа Унгарија и Австрија”, посочи Ѓукановиќ.