Турција: Во напад со автомобил-бомба убиени двајца полицајци, а 35 лица се ранети

од Vladimir Zorba
78 прегледи

 

Двајца полицајци загинаа, а 35 лица се ранети при денешниот напад со автомобил-бомба, извршен од страна на курдските екстремисти, соопштуваат британските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор од турските безбедносни сили.turcija-bomba-1-e1449049123143

Како што пренесува БТА, нападот бил извршен во турската провинција Мардин, во југоисточна Турција

Според информациите од неименуваниот извор, нападот бил изведен во градот Нусајбини, во близина на границата со Сирија, и според тврдењата, нападот го извеле екстремистите од „Курдска работничка партија“.

Деталите за нападот засега не се познати.