Во Грција заглавени околу 32.000 бегалци и мигранти

од Vladimir Zorba
134 прегледи

 

Два фериботи со околу 650 бегалци и мигранти од грчките острови денеска пристигнаа во Пиреја, јави дописникот на МИА од Атина.бегалцик

Во меѓувреме, грчките власти соопштија дека грчко-македонската граница во изминатите 24 часа ја преминале 320 бегалци. Тампон зоната моментално повторно е затворена.

Во Идомени и околината, каде има 10 илјади бегалци и мигранти, условите денеска се особено тешки поради вчерашните обилни врнежи од дожд.

Грчките власти информираа дека во Грција во моментов се заглавени околу 32.000 бегалци и мигранти по одлуката на Австрија и четири земји од поранешна Југославија драстично да го намалат бројот на мигранти кои транзитираат преку нивните територии.