Во денешниот забавен тест споделуваме 6 слики на мандала.
Мандалата се прифатени како матрици на универзумот. Тие симболизираат цело и хармонија и се дел од будизмот и хиндуизмот. Изберете си едно мандало и погледнете што покажува за вас како личност.
1. Дарежливост и морал
Вие сте личност која има големи амбиции, но најсилните карактеристики на вашиот карактер се великодушноста и моралниот однос кон сè. Секогаш вложувате многу напор, но не за да извлечете сопствени бенефиции, туку за да им помагате на другите. Великодушни сте дури и во љубовта. Кога ќе ви наштетат страдате многу, но сепак продолжувате да сакате. За жал не се многу луѓето кои можат да ве ценат како личност.
2. Фасцинација и чесност
Вие сте одговорен човек кој сака да се грижи за другите. Верувате во лојалноста и во тоа дека секој треба да сноси одговорност. Добриот темперамент ве прави посакуван советник и соговорник и лесно ја добивате довербата на луѓето. Вашата остроумност и тоа дека секогаш имате да кажете нешто интересно, ве прави уште пофасцинантни.
3. Мислители
Вие сте голем мислител. Вашите мисли и идеи се најважни. Може да се каже дека сте интровертна личност, која сака да остане насамо со себе и да размислува. Потрошувате многу време во тоа да мислите што е правилно, а што не. Дејствувате според вашите ставови, иако често се јавува недоразбирање.
4. Силна интуиција
Вие сте единствени!
Имате силна интуиција, која за околните луѓе на моменти е и прилично чудна. Понекогаш ве разбираат погрешно и од тоа ве боли, бидејќи сте емотивни. Од друга страна сте креативна личност, која има потреба од повеќе личен простор. Во најтешките моменти секогаш успевате да ја видите светлината.
5. Доверба и доминација
Вие сте многу независни. Вашето мото е “Направи си сам”. Можете да се потпрете само на себе. Знаете што сакате и не се плашите да го добиете. Во односите со партнерот често сте доминантната страна. Држите многу на чесноста, секогаш сте подготвени за вистината, а ако некој ви ја предаде довербата, нема шанси да ви биде повеќе дел од животот.
6. Добрина и чувствителност
Вие сте личност која лесно гради врска со луѓето. Имате многу пријатели и се стремите да си обезбедите подобар живот. Вашата аура е топла и светла . Луѓето се чувствуваат многу спокојни во ваше присуство. Вие постојано мислите на тоа како работите да станат уште подобри. Подготвени сте да ги љубите дури и оние кои не ве сакаат вас. Вашата мудрост ве прави единствени и инспиративни за многу луѓе.