Постојат два типа на жени: едните пијат бело вино, другите црвено

од Vladimir Zorba
361 прегледи

Велат дека жените одат заедно со виното така, како јагодите со чоколадото. Нема сомнеж дека еден од најомилените пијалоци на понежниот пол е виното, но желбите ги делат во два вида.3665aa0fc1462ff98649062ba7a24ca5

Оние кои пијат црвено и дамите кои за ништо не би го замениле белото вино.

Што се крие зад нивните преференци како интереси, страсти и начин на живот, видете во следните редови.

Жените кои сакаат да пијат црвено вино вечераат на свеќи, додека оние со предност за белата боја – по зајдисонце.

Дамите кои пијат црвено вино читаат љубовни романи, а оние чии вкусови се насочени кон белите вина, купуваат списанија.
bdf0c0279c4e35d783b9c714b20018b6
Љубителките на црвено вино сакаат да градат сериозни љубовни врски, а овие на белото вино, немаат ништо против необврзувачки секс.

Жените кои пијат црвено вино би одбрале одмор во Париз, додека оние со бело вино, поскоро ќе се восхитуваат на убавината на Тоскана.

Ако вашиот сакан пијалок е црвеното вино, тогаш сигурно сте со романтична природа, за разлика од оние кои го претпочитаат белото вино, и се само практични во љубовта.

Жените кои пијат црвено вино се добри оратори, мислители, додека оние кои ја преферираат белата боја се добри слушатели.

Обично жените кои пијат црвено вино се бринети, за разлика од светлокосите жени кои пијат бели вина.bdbdd817a6c6a00d08d4fe54b7f0876e

Жените кои пијат црвено вино избираат убави барови или спокојни локали, каде можат да разговараат со часови, за разлика од забавувачки настроените дами кои пијат бело вино.

Стилот на облекување на жените кои пијат црвено вино е деликатен, а на оние кои пијат бело е секси, удобен и ги нагласува нивните форми.

Дамите кои пијат црвени вина, го сакаат мирисот на кожа, дрво и обично уживаат во вкусот на виното во удобна фотелја. Оние кои пијат бело вино, собираат спомени со него на плажа.

Жените кои пијат црвено вино сакаат пенкала, луксузни класични додатоци, за разлика од оние кои пијат бело. Тие ги следат иновациите во технологијата и ретко пишуваат на хартија.

Добрата литература е избор на оние жени кои пијат црвено вино, за разлика од оние кои пијат бело. За нив филмовите и киното се сè.

Длабок и пријатен разговор и чаша црвено вино. Бело вино и долг и возбудлив разговор по телефон. Сепак постојат два типа жени.