Словенечкиот премиер Миро Церар истакна и предупреди дека одлуката од Брисел значи “затворање на Балканскиот пат”.
Хрватска информира официјално српското МВР дека од 0.00 часа ноќеска Словенија воведе нов режим за преминување во Шенгенскиот простор и нема да биде дозволено за мигранти без валидни визи и пасоши. Тоа значи и практично затворање на т.н.. “Балкански пат” за мигранти. Поради оваа причина Србија ќе воведе реципрочни мерки спрема Република Македонија и Бугарија.

Имајќи го предвид новиот режим, кој беше воведен од земјите – членки на Европската унија Србија не може да си дозволи да стане собирен центар за бегалци, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи во Белград. Сите мерки ќе бидат усогласени со ЕУ и ќе бидат воведени по реципрочен начин на границите со Македонија и Бугарија, пишува во документот.
Локално,мк потсетува дека одлуката на словенечките власти доаѓа помалку од 24 часа по самитот во Брисел за миграциската криза, која ја загрозува Европа. Вчера попладне словенечкиот премиер Миро Церар истакна и предупреди дека одлуката од Брисел значи “затворање на Балканскиот пат”.