Митерленер: Бегалците во Идомени не прифаќаат помош

од Vladimir Zorba
87 прегледи

 

Австрискиот вицеканцелар Рајнхолд Митерленер изјави дека бегалците на грчко-македонската граница свесно седат во калта, за да извршат притисок за отворање на балканската рута, јави Танјуг.идомени1

Во изјавата за виенскиот дневен весник „ Кронен цајтунг“,тој кажа дека сликите, како што е фотографијата на бебиња во калта, свесно се политизираат.

-И во Грција на располагање има сооветно сместување, посебно за семејства и деца, но многу бегалци не ги прифаќаат за да извршат притисок со цел да им се отвори балканската рута, подвлече Митерленер.идомени

Тој, исто така кажа дека сликите на бебиња во калта можат да се избегнат, на пример, преку нивно сместување во болница.

Зараза се шири во бегалскиот камп Идомени!

-На бебињата им посакувам добра иднина, се надевам во Европа, порача Митерленер