Европјаните и Турците се договорија- депортацијата на илегалните мигранти почнува на 20 март

од desk3
108 прегледи

Лидерите на ЕУ го одобрија договорот со Турција за бегалската криза, соопшти премиерот на Финска Јуха Сипилја на Twitter.

zx450y250_2725514

Општата позиција би требало да е претставена на Анкара утрово. Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, кој беше еден од најголемите противници на договорот, се согласил на договорените услови, тврди дипломатски извор на агенција “Ројтерс”.

Враќањето на илегалните мигранти, дојдени од Турција во Грција, започнува на 20 март, напиша на социјалната мрежа премиерот на Чешка Бохуслав Соботка.