Атентаторот од Истанбул се разнел, бидејќи полицијата го уплашила. Целосниот план му бил да ја активира бомбата на д преполното место од трговската улица “Истиклјар”, соопшти РИА Новости, цитирајќи ги турските власти.Според градоначалникот на Истанбул Васиб Сахин бројот на загинатите е веќе 5 лица, вклучувајќи и мажот кој е бомбаш. Повредените се речиси 20
Според зборовите на турскиот министер за здравство Мехмед Мјуезиноглу пак повредените се 36 лица, а меѓу нив има 14 странци, соопшти весникот “Хуриет”. Според CNN Turk во критична состојба се три од повредените лица.
Паника во Истанбул! Полицијата објави слики на 6 терористи самоубијци (ВИДЕО)
Според листата на настраданите, сместени во болница по терористичкиот напад, во нападот биле повредени граѓани на Германија, Иран и Израел, а исто така и седумгодишно дете.
По самоубиствениот бомбашки напад во центарот на турската метропола Истанбул, Министерството за надворешни работи на СРГ препорача на германските граѓани во големите турски градови да не ги напуштаат хотелите, пренесува весникот Focus. Тие треба да се информираат за ситуацијата за безбедност од дипломатските претставништва на Германија и туристичките бироа.
