5 трикови за да го забрзате вашиот метаболизам

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Има испробани и вистински трикови со кои може да го забрзате вашиот метаболизам, ако сакате да направите нешто за себе во текот на пролетта или пак едноставно да си помогнете на диетата. Еве и 5 од нив:00f572fd207990045767a423973b608c

1. Не стојте на едно место

Станувајте, џвакајте мастика, правете кругови, додека зборувате по телефон. Така може да согорите од 300 до 2000 дополнителни килокалории за ден.

2. Пијте повеќе зелен чај

Истражувањата покажуваат дека зелениот чај може да го забрза метаболизмот меѓу 4 и 5 пати. Во една чаша има само 2 калории, а се согоруваат многу повеќе.

3. Пијте повеќе вода

Германско истражување покажува дека ако испиете 2 чаши, ќе согорите од 30% повеќе калории за следниот еден час.

4. Зголемете го внесот на витамин Ц

Додадете свеж лимонов сок во чајот или водата која ја пиете. Така пијалокот ќе стане богат со витамин Ц, а универзитетот во Аризона утврдил дека ако вашето тело има недостиг на највредниот витамин, ќе потрошите 25% помалку калории за време на вежбање.

5. Забавувајте се

Студија поврзана со дебелината, има утврдено дека 15 минути смеа се еднакви на 40 калории надолу.