Зеленчук за оние со светла кожа

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Топлите летни денови веќе воопшто не се далеку и сигурно нема начин да ја пропуштите заштитата на кожата.TorturedTomatoes091113

Различните производи обезбедуваат доволна грижа за нежната кожа на лицето и можете слободно да се радувате на сончевите зраци.

Потемнувањето на целото тело е неминовен ефект во текот на летните месеци, па дури и да не е баран и посакуван ефект.

Во случај да сте од дамите кои сакаат да ја задржат светлата боја на кожа, нудиме природен начин на кој да се постигне ова.

Еве го и зеленчукот со осветлувачки ефект.

Домати

Земете два домати и измешајте ги во блендер, додека не добиете фина паста. Нанесете ја на саканата зона. Смесата се суши брзо. За да бидете сигурни, можете да нанесете втор слој.

Предности: Антиоксидантите во доматите се борат со штетите нанесени на клетките и го намалуваат црвенилото на кожата. Покрај тоа, зеленчукот спокојно може да влезе во улогата на природен заштитен производ.

Гел од алое вера

Исцедете го гелот од листови алое вера, ако имате, или купете си чист гел од алое вера. Измешајте со неколку капки сок од лимон и промешајте додека добиете лесна за разнесување смеса. Оставете да дејствува врз телото за 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Предности: Гелот дејствува како заштитен слој на кожата и регенерира нанесени штети како горење и црвенило.

Компир

Изгмечете еден компир со малку лимонов сок, додека добиете конзистентна смеса. Нанесете врз погодената област и оставете да делува 15 минути. Исплакнете со млака вода.

Предности: Компирите се сметаат за најдобар природен начин да се ослободите од тенот на кожата и да смирите горење и црвенило.