Борисов: Македонија направи многу за запирање на мигрантите но ќе има дестабилизација

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Бугарскиот премиерот Бојко Борисов уште еднаш истакна дека Македонија Е  една од земјите која вложи особено големи напори да престане миграцискиот бран

борисов “Тоа е нешто  за што сум исклучително вознемирен  и крајно загрижен. Дури мислам дека и во Бугарија во последните денови како ги  набљудувам процесите – не сакам да влегувам во термините: хибридни војни или сајбер напади – но си врзуваат неколку работи околу  – настаните во Македонија вчера, во Грција, некои процеси кои во Србија ќе се случуваат, сé уште не ми се точно јасни , но бидејќи имаме барање во службите за таму – ми даваат причина да сум загрижен “, рече Борисов.

“Македонија е една од земјите кои со помош и особено од Вишеградската четворка вложи многу напор да застане бегалскиот бран. Беа направени многу обиди и македонскиот претседател ни запозна, вклучувајќи ме и мене со информации, со писмо што се предвидени и на Европскиот совет со прилично солидна подготовка за напад на нивните граници од организирани групи – и тоа се случи. Беа испровоцирани – употребија солзавец – нешто што не се одобрува во демократската јавност. Беа подложени на притисок и вчера се случи она што денес ќе продолжи и тоа ќе продолжи и подолго “, рече премиерот.

“Македонија ќе биде дестабилизирана, според мене – може  грешам, но дури и изборите, според мене се  подложени на ризик дали ќе ги одржат воопшто. Значи – малку подолго објаснувам, но бидејќи тие сите слулчувања  ја засегаат и  Бугарија и сакам затоа  се тоа да го објаснам “, изјави  Борисов.