Како треба да се мијат рацете

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Триењето на рацете со сапун 20 секунди не е сосема доволно за да се отстранат бактериите. Британски лекари открија дека најефикасна е техниката од шест чекори, која бара 25 проценти повеќе време, објави “Мејл он сандеј”.d3aa07be154d46faef7432d2ef4a49ce

Методот со шест чекори за миење на рацете е препорачан од Светската здравствена организација.

До него рацете прво се навлажуваат, потоа се насапунуваат и започнува триењето. Прво се тријат дланките со испружени прибрани прсти, потоа дланката на едната рака поминува врз грбот на другата, а во меѓувреме се фаќа меѓу прстите. Третата фаза е дланка во дланка, а прстите влегуваат еден меѓу друг. При четвртата фаза прстите се свиваат, се фаќаат дланките и се поминуваат. Потоа убаво со едната рака се трие целиот палецот на другата. Конечно дланките добро се мијат со прстите на другата рака.

Научниците од Каледонскииот универзитет во Шкотска определиле дека тоа е најефикасен метод, кога набљудувале 42 лекари и 78 медицински сестри како ги мијат рацете после работа со пациенти. Тие користеле сапун на алкохолна основа и се истражувало колку бактерии остануваат по нивната кожа.