Ума Турман одлучи да го продаде стилскиот стан во Њујорк за сума од 6,2 милиони долари.
До неодамна славната актерка живееше во овој шик пентхаус во елитниот кварт на Менхетен – Gramercy Park, заедно со трите деца. Тинејџерите Миа и Левон се од бракот на Турман со актерот Итан Хок, а малата Луна е од врската со швајцарскиот бизнисмен Арпад Бјосон.
Живеалиштето на Ума има доста кралски ентериер, па сигурно вреди цената. Станот е со површина од 383 квадратни метри и располага со пет спални, три бањи и огромна дневна со тераса која гледа кон паркот.
45-годишната актерка го купува станот во 2006 година за 4 милиони долари и го реновира целосно.
Во моментов ѕвездата од “Убиј го Бил” има врска со хотелиерот Андре.
Видете ги сликите на пентхаусот на Ума во галеријата.