Обвинителката Фатиме Фетаи пред да ги образложи деталите за предметот ТНТ, односно уривањето на „Космос“ кажа дека обвинителите добиваат секојдневни закани, но дека тоа нема да ги спречи да ја донесат до секој правдата за секој кој се огрешил пред законот.
– Поракта е до сите што ја подриваат работата на Специјалното обвинителство и се закануваат кон пропадниците на СЈО, семејствата и нивните родители.
– Им порачуваме, правдата ќе го стигне секој кој се огрешил од зкаонот. Ве уверувам дека за ова обвинителство сите граѓани се еднакви, несебично ќе се бориме за правда, зашто цврство веруваме дека правдата е врвен интерес на Македонија, порача Фетаи.
