Генерали на АРМ и МВР, Македонија не е “Израел на Балканите” и е единствената држава на Mакедонците !

од desk3
136 прегледи

Политичката криза веќе зазема драматични последците веќе и во реалниот живот. Ако прашате обичен трговец ќе ви каже дека бизнисот слабо оди и дека народот не троши-штеди! А општетсвената психоза што се шири по телевизиите уште повеќе води до конфликти меѓу луѓето во секојдневното живеење… А за штетите од двовластието во државава да не зборувам…

arm
Но да се вратиме на последната политичка криза која сите родените во социјализмот ја посведочуваме- распадот на СФРЈ…

Во последните години настана политичка кавга меѓу политичките елити по републиките. Раководствата на државите почнаа да ги одбиваат наредбите на сојузните власти. Се појави двовластите на федерално и локално ниво меѓу државите, државните раководства се обвинуваа меѓусебно за кризата, а телевизиите почнаа да шират омраза против народите внатре во државата.

Потоа се појави двовластие во армијата (ЈНА) и полицијата, никој не интервенираше за да го спречи двовластието и државата крваво се распадна.

Ховит за „Мета“: Брисел ќе решава а не Скопје-Македонија се наоѓа во опасна состојба

За потсетување генералите на ЈНА почнаа да одбиваат наредби и еден по еден почнаа да дезртираат и бегаат, наместо да го задржат уставното устројсво на федерацијата. Началникот на ГШ Кадијевиќ застана на српска страна, генералот на авијацијата Антон Туз избега на Хрватска страна, генерал Боцинов одби да го бомбардира Сплит и избега за Македонија, генерал Шпегељ не преземаше мерки за увозот на оружје и избега на хрватска страна и ред други офицери го сторија истото… Кога ќе прашате високи офицери од тоа време повеќето ќе ви кажат дека против Југославија се водела “специјална војна” и таа ја изведувале внатрешни непријатели кои биле на високи функции… А меѓународниот фактор дотури бензин на огнот со санкциите спрема СФРЈ, предизвика социјални немири и државата заврши со најголемата војна во Европа во II светска војна.

policija-pistoli-1
Тоа беше тогаш, а сега да си погледнеме/те во сопствениот двор- имаме политичка криза, двовластите во институциите, политичари кршат устав и закони, збунета државна администрација, проблеми на граница… Еве неколку примери кои укажуваат на сериозна безбедносна слабост на државата…
Претседателот Иванов аболицираше криминализирани политичари со непосточекиот член 11 од Законот за помилување, Претседателот на Собранието спротивно на чл. 15 ст. 4 од Ибзорниот законик чл.66 од Уставот и чл. 5 од Деловникот не свикува собраниска седница и вели дека ако го напарви тоа ќе биде против-уставно, директорите на УБК и БЈБ и државниот секретар во МВР се самопрогласија за институција  спротивно на чл. 11 и чл. 12 од Законот за организација на државните органи… Телевизиите шират говор на омраза против дел од народната популација и против политичари, сиромаштијата излегува на улица на протести барајќи социјална правда, а на крај меѓунардоната заедница се заканува со санкции и блокирање на сметки на политичари… еве денеска Светска банка информираше за стопирање на кредитите за Македонија

И ајде сега споредете ги случувања со распадот на СФРЈ и тековните случувања во државата… идентични се… само што сега тоа е на локално ниво кај нас…

И сега од безндносен аспект да си ги поставиме/те следниве прашања:
Што ако странски служби поткупат политичари на власта за да непочитуваат Устав и закони или ги поткупат челниците на УБК и БЈБ или државниот секретар за да се одметнат од министерот и за да предизвикаат хаос во државата , меѓу безбдносните сили да настане деморализирање, некоординација, некомуникација и разединетост и да не можат да спречат интервенција на странски сили ?

Не треба да ви кажувам дека руските десантни сили можат да слетаат со оклопни возила и артилерија на било кој дела од планетата… или да има интервенција од соседните држави…

Еве и друго размислување… а што ако странски служби се обидуваа економски да ја ослабат државата за да можат да ги ослабат и безбедносните органи , а потоа да интервенираат? Дали санкциите кон граѓаните на Македонија ќе предизвикаат сиромаштија и социјални немири, ќе настане економски хаос можна девалвација на денарот, одлив на девизите од државата и ќе нема со што да тргува, а таквата состојба може да биде искористена од други сили…?

 

Не треба јас да укажувам дека за време на II светска војна Германците со авиони фрлале фалсификувани фунти во Британија за да предизвикаат економски хаос и да ја ослабнат државата… Кај нас на целава сиромаштија еден мал хаос на економски план може да направи штети што никогаш не би се надоместиле…
И сите овие праша генералите на АРМ и МВР треба самите на себе да си ги постават и одговорите да ги добијат од разузнавачките служби.

Постетувам дека Македонија не е економски гигант како Израел па за да може да се понесе со сите предизвици, туку е држава со слаба економија која треба максимално да се заштитува…

И да Р.Македонија е единствената држава на Македонците и тука и во Грција,Бугарија, Албанија и ширум светот… добиена со крв и надчовечки напори за сега некои за свои материјални интереси да си играат со целата држава… а ако ја снема, генералите ќе нема каде да избегаат како што имаа можност да избегаат генералите на ЈНА. Треба да се размислат од кого и какви наредби примаат и што премолчуваат или поддржуваат…

По 25 години корупција и непотизам сите знаеме дека дел од нашиве генерали никогаш немаше да станат генерали (поради своите неспособности и подлизувања) ако не ја наведнеа главата пред партиските лидери и работеа заедно со нив, но сепак мора да веруваме дека во безбедносните сили има квалитетни и способни кадри кои ќе можат да ја изанализираат целава состојба, да поразговараат со македонските политичари, да ги заштитат националните интереси и да ја вратат државата на нормалниот колосек на егзистенција… Македонија мора и понатаму да плови во меѓународните води…!

И да, постојат низа примери дека во меѓуародните односи се е можно… Ги имаме Донбас и Украина, Приднестровие и Молдавија, Нагорно Карабах и Азребејџан…
ФЃ.