Иритиран ви е стомакот, болките и грчевите се неподносливи, кога ќе се појават. Непријатните стомачни грчеви можат не само да го расипат вашето расположение, но и да ве направат неработоспособни и неенергични.
Освен со соодветни лекови, може да ги смирите стомачните болки и со одредени видови храна.
Банани
Бананите се препорачуваат за смирување на стомачни болки и грчеви, чиреви, ерозии на слузницата на желудникот, гастритис. Нивната текстура е мека и го штеди желудникот. Не бараат особен напор за преработка, што ги прави бананите погодни за потрошувачка при вакви состојби.
Папаја
Папајата исто така има месеста структура која ја смирува слузницата на желудникот. Се преработува лесно и во неа се содржани бројни ензими и антиоксиданси, кои ја олеснуваат неговата работа. Папајата не предизвикува иритација и помага за намалување на болките и грчевите.
Бел ориз
Белиот ориз содржи големи количини скроб. Формирајќи тенок филм на слузницата на желудникот кој ја штити од штетните влијанија на храна. Оризот придонесува за успешно обработување на храната и ги намалува болките и грчевите.
Ѓумбир

Многу луѓе се плашат да јадат лута храна при болки во стомакот, но ѓумбирот навистина помага. Тој е корисен и при гадење и повраќање. Можете да го додадете во различна храна и пијалоци. Ситно рендан, тој е погоден зачин за јадења и салати, дури и колачи. Можете да го земате и во форма на напивка за најбрза акција.
Јаболкова каша
Бидејќи кората на јаболката може да предизвика иритација, можете да ги примате јаболката во форма на каша или пире. Тие помагаат за олеснување на стомачните проблеми поради обилното количество пектин во нив. Тој, слично на оризовото брашно, формира обвивка по слузницата на желудникот ја штити од храна и зачини кои предизвикуваат иритација, грчеви и болки.

Пектинот уште го намалува лошиот холестерол и го регулира нивото на шеќерот во крвта.
Билен и зелен чај
Билните и зелените чаеви содржат штетни за желудникот состојки, ензими, антиоксиданти и теини. Тие ја намалуваат болката во желудникот и цревата, а реагираат дури и на симптомите на дразбите во цревото.
Билниот чај е корисен и при симптоми на гастроезофагеален рефлукс.
Јогурт
Јогуртот содржи живи бактерии кои ја регулираат работата на желудникот и ја намалуваат болката. Тие помагаат за побрзо и подобро варење на тој начин што штитат од болести или моментални болки. Лактобацилите го забрзуваат метаболизмот и го намалуваат создавањето на гасови.
Слики: iStock