Медитацијата не само што го ослободува умот, но и нè одржува помлади.
Редовната медитација на средовечна возраст го подмладува мозокот за седум и пол години, открива новото истражување. Научниците сметаат дека комбинацијата од силна концентрација и релаксација може да предизвика формирање на нови мозочни клетки. Според многумина луѓето кои медитираат се попаметни, но новите истражувања ја откриваат врската на техниката со Алцхајмерова болест и намалувањето на ризикот од губење на меморијата со возраста.
Научниците ги скенираат мозоците на 50 американски мажи и жени кои редовно медитираат, како и оние на 50 немедитирачки. Резултатите биле обработени од компјутерска програма која ги анализирала сликите според возраста на учесниците и нивната физички состојба. И резултатите биле поразителни. Мозочната возраст на тие кои не медитирале била иста како нивната реална возраст, односно 55-годишните имале мозок на луѓе на 55 години, ниту повеќе, ниту помалку.
Но поинтересно е што се случува во групата на оние кои медитираат – нивните мозоци биле помлади од нив самите. Така 50-годишните учесници во експериментот се покажале со 43-годишни мозоци. Придобивките стануваат поголеми со староста.
За секоја година по 50, медитацијата ја намалува возраста на мозокот со цела година. “Ова истражување покажа дека техниката го задржува мозокот помлад и ја намалува брзината на стареење на подоцнежната фаза од животот”, објаснија германски експерти од Универзитетската болница во Германија.