Според Питер Ванхауте, поранешнот преговарач на ЕУ за „Договорот од Пржино“, воопшто не треба да се преговара кога се ставаат под прашање демократските вредности и стандарди. Во својот пост на Фејсбук, Ванхауте сугерира и политичките партии кои не се претставени во парламентот како и граѓанското општество во целина да бидат инволвирани во преговорите, затоа што и нив ги засега иднината на Македонија.
Ванхауте смета дека за итното отповикување на помилувањата не може да се преговара, исто како и за одлуката за одложување на изборите, затоа што не можат да бидат слободни и правични и затоа што не се испочитувани елементарните демократски стандарди.
Питер Ванхауте смета дека „Тековната коалиција (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ) има одговорност да повика на итна седница на парламентот за да се одложат изборите, без натамошна одлука за нов датум на избори“.
За што уште не може да се преговара, според Питер Ванхауте:
Тачи: Договорот од Пржино е мртов, време е за нов договор
„На расправата за уставноста на Законот за специјалниот обвинител треба да и се стави крај и да и се овозможи на специјалната обвинителка да ја продолжи нејзината работа без натамошни препреки.“
„Секоја опструкција на работата на специјалната обвинителка треба да биде веднаш запрена.“
Според Ванхауте, ако се исполнат овие услови, можни се натамошни преговори за создавање на експертска влада и договор за програмата на таквата влада./Либертас