На денешен ден 15 мај
1536.- Англискиот суд ја прогласи за виновна Ана Болен, втората жена на кралот Хенри Осми, за прељуба и инцест со неговиот брат лордот Росфор. Два дена подоцна, надбискупот Кренмер „констатира“ дека бракот (склучен во 1533 година) е неважечки. Поради тоа, Хенри Осми ја раскина врската со Католичката црква бидејќи папата се спротивстави на бракот, а „прељубовницата“ набрзо беше погубена, по што Хенри Осми се ожени уште четири пати затоа што немаше машко дете.
1571.- Татарски освојуачи ја запалија Москва.
1767.- Џенова на Франција и го продаде островот Корзика.
1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез Метерних. Клеменс Венцел Напомук Лотар фон Метерних-Винебург како министер за надворешни работи и канцелар четири децении ги кроеше надворшената и внатрешната политика на Австрија, а во многу што и судбината на Европа.
1797.- Трупите на францускиот генерал Наполеон Бонапарта, кој во Италија ја предводеше двегодишната успешна воена камања против Австрија, влегоа во Милано.
1848.- Париските работници незадоволни од политиката на буржоарската влада по прогласувањето на Француската република упаднаа во собраниската зграда, го распуштија уставотворното собрание и избраа револуционерна влада. Со помош на војската граѓанските власти успеаја да го задушат востанието и да ги уапсат водачите.
1859.- Во Париз е роден Пјер Кири, француски физичар и хемичар, кој го откри пиезо-електрицитетот на кристалот, а со својата сопруга Марија Склодовска – Кири ги откри радиоактивните елементи – полониумот и радиумот. Умре во 1906 година.
1886.- Умре американската писателка Емили Дикинсон која додека живееше беше потполно анонимна, бидејќи до смртта објави само пет песни. Нејзните повеќе од илјада песни, се откриени по нејзината смрт, и постхумно се објавени во шест томови.
1891.- Роден е рускиот писател Михаил Афанасјевич Булгаков, по професија лекар. Дела: „Мајсторот и Маргарита“, „Белешки на младиот лекар“, „Кобни јајца“, „Животот на господинот де Молиер“, „Театарски роман“ (недовршен), „Бегство“, „Адам и Ева“, „Блаженство“, „Иван Васиљевич“, „Последните денови“…
1909.- Роден е англискиот филмски и театарски актер Џемјс Мејсн. Филмови: „Бегалец“, „Човекот во сиво“, „Ѕвездата е родена“, „Јулиј Цезар“, „Лолита“, „Север северозапад“, „Лордот Џим“, „Галеб“, „Убиство по нарачка“.
1911.- Роден е швајарскиот писател Макс Рудолф Фриш, либерален интелектуалец, скептик кој ги анализираше духовните традиции и противречности на современиот свет. Дела: романите „Штилер“, „Хомо фабер“, „Нека името ми биде Гантенбајн“, драмите „Кинески ѕид“, „Грофот Едерланд“, „Дон Хуан или Љубов според геометрија“, „Андора“, „Биографија“, „Дневници 1946-1949“, „Дневници 1966-1971“.
1914.- Роден е непалскиот планинар Намѓал Вангди, познат како Тензинг Норгај, кој со Новозеландѓанецот Едмунд Хилари во мај 1953 година го освои „покривот на светот“ Монт Еверест, врвот на планинскиот масив Хималаи, висок 8.848 метри.
1923.- Велика Британија ја призна Трансјорданија како независна држава, под емирот Абдулах.
1940.- Холандската армија во Втората светска војна капитулираше и им се предаде на германските трупи.
1943.- Во Москва, на иницијатива на Ј.В. Сталин е донесена одлука за распуштање на Комунистичката интернационала (Коминтерна), со што формално е признато правото на самостојно решавање на секоја комунистичка партија.
1945.- Југославија дефинитвно се ослободи од окупаторот. Единиците на Југословенската армија во последниот организиран отпор ги скршија непријателските сили во Втората светска војна. Земјата за време на четиригодишната војна беше ограбена и опустошена, а според официјалните податоци загинаа 1.706.000 Југословени.
1948.- Новосоздадената држава Израел ја нападнаа египетски авиони, а на север и исток либански и јордански трупи.
1955.- Во Виена е потпишан Австрискиот државен договор со кој Советскиот Сојуз, САД, Велика Британија и Франција ја обновија независноста на Австрија во границите од 1 јануари 1938 година, со што заврши десетгодишната сојузничка окупација на таа земја која во Втората светска војна беше дел од Третиот рајх и чие население во огромно мнозинство го поддржуваше нацизмот и присоединувањето кон Германија. Договорот содржеше низа заштитни одредби за националното малцинство во Австрија, на кои Виена не секогаш доследно се придржуваше, а обврската за „вечна неутралност на Австрија“ се покажа како релативна категорија.
1957.- Велика Британија ја изврши првата термонуклеарна проба во централен Пацифик.
1963.- Од Кејп Канаверал, во САД, е лансиран вештачкиот сателит „Фејт – 7“ со кој космонаутот Гордан Купер ја обиколи Замјата 22 пати. Купер е четвртиот американски, а осмиот светски космонаут кој изврши орбитален лет околу Земјата.
1974.- Во Белград конституирано е првото делегатско Собрание на СФР Југославија, на кое претседател стана Киро Глигоров.
1978.- Умре австралискиот државник Роберт Гордон Мензис, премиер на Австралија со најдолг стаж, шеф на владата како лидер на Обединетата австралиска партија од 1939 до 1941 година, а потоа и како водач на Либералната партија од 1949 до 1966 година. Значително придонесе за јакнење на американското влијание во Австралија и ја вовлече земјата во Виетнамската војна на американска страна.
1987.- Умре американската филмска актерка Рита Хејворт, холивудски секс симбол во четириесеттите години на 20. век. Филмови: „Само ангелите имаат крилја“, „Ѓилда“, „Дамата под сомнение“, „Никогаш нема да се збогатиш“, „Дамата од Шангај“, „Одвоени маси“.
1989.- Советскиот претседател Михаил Горбачов во Пекинг објави отворање нова ера во кинеско-советските односи.
1991.- Претседателот Франсоа Митеран соопшти дека по оставката на премиерот Мишел Рокар мандатот за состав на владата и го доверил на Едит Кресон, која следниот ден како прва жена во историјата на Франција ја презеде должноста премиер.
1992.- Илјадници приврзаници на опозицијата во Азербејџан во Баку ги зазедоа зградата на Собранието и претседателската палата, а еден ден подоцна од власта беше тргнат претседателот Ајаз Муталибов, кој потоа избега во Москва.
1992.- Во Перт, Австралија, отворен е првиот Македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија.
1994.- Во Белград умре Олга Спиридоновиќ, една од најпознатите театарски и филмски актерки во поранешна Југославија. За улогата во Мис Стон во истоимениот македонски филм и е доделена Златна арена на Пулскиот фестивал. Родена е во Сплит, на 29 мај 1923 година.
1994.- Во Штип умре Киро Стоев, еден од основоположниците на повоениот музички живот во Штип, истакнат педагог и диригент. Роден е во Штип, во 1924 година.
1995.- Кај селото Богомила, Велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна.
1996.- Десничарскиот лидер Атал Бихари Ваџпаји стана првиот Хинду националистички премиер на Индија, затоа што неговата Баратија Џаната партија на парламентарните избори освои релативно мнозинство.
2006.- САД ги обновија целосно дипломатските односи со Либија.
2007.- Повеќе од 60 талибански бунтовници беа убиени во воздушните судири на авганистанските и коалиционите сили со две бази на бунтовниците во Кандахар, провинција на југот во Авганистан. Во нападот загинаа регионалните команданти мула Абду Хаким, мула Абдула Манан и мула Зариф.
2007.- Најмалку 24 луѓе загинаа, а 30 беа повредени во експлозија на бомба во хотел во пакистанскиот град Пешавар. Бомбата експлодира на рецепцијата во четирикатниот хотел „Мерхаба“, кој се наоѓа во стариот дел од градот, во близина на џамијата Масџид Мохабат Кан.
2007.- Најмалку 45 луѓе загинаа, а 60 беа повредени кога камион-бомба полн со хлор експлодира близу пазарот во шиитското село Абу Сејдах, во ирачката провинција Дијала, североисточно од Багдад.