Жителите на грчки остров виделе огнена топка на небото приближно во времето кога авионот „Ербас А320“.MS804 исчезна од радарите, соопшти порталот “Аарец”. За експлозијата во небото соопштил и трговски брод, дополнува ТАСС. Од Каиро соопштија и дека пред да изгубат врска со машината, која била на 11 километри височина, од пилотската кабина вклучиле сигнал за несреќа.
Авион на египетската компанија „Иџипт Ер“ на лет од Париз за Каиро до 66 патници и членови на екипажот рано утрово исчезна од радарите над Средоземно Море, соопшти авиокомпанијата.
– Ниту една теорија не може да биде исклучена како причина за несреќата, посочи францускиот премиер Мануел Валс.
Компанијата наведува дека авионот исчезнал 16 километри откако влегол во египетски воздушен простор утрово во 02.45 часот по локално време (01.45 по средноевропско време),
Директорот на грчката цивилна авијација истакна дека авионот исчезнал од радарите две минути откако го напуштил воздушниот простор на Грција. Пилотот разговарал со грчките контролори, но тогаш не пријавил никаков проблем.
– Авионот „Ербас А320“ најверојатно падна во море, рече портпаролот на египетското цивилно воздухопловство Ихаб Раслан.
Компанијата „Иџипт Ер“ потврди дека меѓу патниците во авионот има 30 египетски државјани, 15 француски, двајца ирачки, како и по еден државјанин на Велика Британија, Кувајт, Саудиска Арабија, Судан, Чад, Португалија, Алжир и Канада. Меѓу патниците имало и три деца.
Грција испрати два авиони и фрегата во јужниот дел на Медитеранот, каде исчезна авионот, а на островот Карпатос подготвени се хеликоптери за евентуална спасувачка мисија.
Жителите на грчки остров виделе огнена топка на небото приближно во времето кога авионот MS804 исчезна од радарите, соопшти порталот “Аарец”. За експлозијата во небото соопштил и трговски брод, дополнува ТАСС. Од Каиро соопштија и дека пред да изгубат врска со машината, која била на 11 километри височина, од пилотската кабина вклучил сигнал за несреќа. Поранешниот шеф на француското Биро за истрага и анализа на безбедноста во цивилната авијација Жан-Пол Троадек не исклучува верзијата за терористички акт на одборот на египетскиот авион, соопшти француското радио “Ер-Те-Ел”. Авионот летал при добри временски услови, посочува Троадек и додава дека “како што изгледа, се се случило за еден момент, бидејќи пилотите не поднеле сигнал за несреќа”. Поради тоа, “не треба да се исклучува верзијата за терористички чин”, смета експертот.