За една ноќ триесетина маскирани мажи успеваат да уништат со багери неколку згради во централниот дел на Белград. Кој ги испратил? И зошто властите не се заинтересирани за случајот? Што кријат тие?- анализира DW.

Моментот едноставно не можеше да биде избран подобро: вечерта на 24 април, кога цела Србија е без здив пред телевизискиот екран во очекување на првите резултати од претседателските избори, триесетина маскирани мажи ги засукуваат ракавите. Вооружени со безбол палки и три багери, тие рушат неколку згради, производни хали и еден ресторан во белградскиот кварт Савамала. Ја блокираат улицата со два камиона, запираат случајни минувачи, им ги конфискуваат нивните мобилни телефони и се закануваат со тупаници. Случајни минувачи не смее да има! Багерите работат цела ноќ. Бучавата е незамислива, но ниту таа, ниту пак поплаките на граѓани не се во можност да ги натераат полицајците од најблиската станица да интервенираат. Населбата осамува во рушевини – и сето тоа во центарот на српскиот главен град.
Нелегални објекти?
“Во полицијата ми рекоа дека не било нивна работа. Продолжив да инсистирам и тогаш веќе ми одговорија дека имале наредба да не се мешаат”, раскажува Владимир Миљевиќ, директор на фирма, чија зграда исто била меѓу срушените од багерите. Миљевиќ се пожалил во полицијата, во општинскиот оддел за градежна контрола и во општината. Само што секаде добил ист одговор: “Не е наша работа, не знаеме ништо за маскирани насилници.”
Медиумите не изустија ни збор за случајот, информациите за “фантомите во Савамала” се појавиле само на социјалните мрежи и некои независни веб-страни и весници. Народниот правобранител Саша Јанковиќ, кој одамна е трн во очите на српската конзервативна влада, наведува во информацијата дека станува збор за “организиран криминал под државно прикритие”.
“Во Србија настанува правен вакум, бидејќи законите се заменуваат произволно”, посочува правникот и поранешен министер за внатрешни работи, Божо Прелевиќ. Како многу други критичари на власта и тој смета дека токму власта има прст во случајот со бандата рушачи. “Кој инаку би се осмелил да руши среде ноќ згради, ако не е сигурен дека владата и полицијата нема да интервенираат ?!”, вели Прелевиќ во разговор со Дојче веле.
Само неколку дена по “инцидентот” во Савамала премиерот Вучиќ излезе со официјален став. Што се случило таму не заслужувало којзнае какво внимание, но сепак треба да се почека што ќе покаже истрагата. Премиерот не кажа ниту збор за тоа дека општинска фирма ги расчистувала рушевините уште пред полицијата да обезбеди докази од регионот на злосторството. Но пак Вучиќ небаре сепак е свесен кои може да се извршителите: само “некој комплетен идиот” би уривал среде ноќ објекти кои и онака се “незаконски”, односно можат да се срушат и сред бел ден. Само што и тоа не е точно, бидејќи во меѓувреме неколку сопственици на предметните “незаконски” објекти доставиле официјалните дозволи за нив – поплаките сепак немале никаков ефект.
Џорџ Клуни против Халк Хоган: Битката за Белата куќа се води и во Холивуд
Кој испрати маскирани мажи?
Значи Србите продолжуваат да погодуваат кои точно се “целосните идиоти” и по чија нарачка дејствувале. Многумина се сомневаат дека полноќната акција има нешто заедничко со спорниот проект “Белград на вода”. На најубавото место крај брегот на Сава во соседството Савамала е предвидено да се изгради престижна нова населба со корпоративни згради, луксузни апартмани и трговски центри. Предметниот проект е фаворизиран од владејачката партија и нејзиниот шеф Вучиќ – поранешниот националист, кој се претставува сега за убеден Европеец и се обложување на картата на инвестициската клима. И иако не е јасно дури колку пари се подготвени да вложат во проектот инвеститорите од Обединетите Арапски Емирати, а камоли што и кога ќе биде завршено, тлото веќе ревносно се отвора. И како поинаку! Та нели српската влада потпиша договор со инвеститорите- сега треба да го почитува.
Ако ноќната акција од 24 април спаѓа во “расчистувањето на теренот”, тогаш ова е “опасен преседан”, смета Предраг Петровиќ од белградската невладина организација “Центар за безбедносна политика”. “Овој случај покажува што не очекува веројатно во иднина, имено што непознати лица можат да посегнуваат на приватната сопственост на српските граѓани, да рушат згради само затоа што некој пројавува апетит кон теренот и дека такво нешто може да остане апсолутно неказнето”, вели Петровиќ во разговор за Дојче веле. И тој, како и повеќето Срби, не очекува дека полицијата и обвинителството ќе преземат какви било мерки. “Владата и верните медиуми ќе се обидат да го игнорираат случајот”, смета Петровиќ.
Уште од самиот почеток граѓанската иницијатива “Не поплавување на Белград” спроведува акции против грандоманскиот проект. Пред неколку дена таа организира протест против уништувањето на “Фантомите од Савамала”, во која учествуваа околу 5.000 лица. Следната ваква акција е планирана за следната недела. Опозициските партии ги поддржуваат овие демонстрации. Само што тоа нема да помогне, смета правникот Прелевиќ. “Во ваква политичка средина граѓаните имаат само две можности: или да се приклучат на некоја од владејачките партии, или да ја напуштат земјата. Зашто таму, каде што некои се ставаат над законот, веќе нема држава.” Со оглед на скоро плебисцитната поддршка и апсолутното мнозинство што партијата на Вучиќ го доби на изборите во крајот на април, Прелевиќ го вели следново: “Многу српски граѓани очигледно им се допаѓа неговиот стил на управување. Јас мислам дека сепак меѓународните инвеститори и Европската унија се друго мислење. ”
Сепак од овие случувања и од минатите настани во Македонија , се добива впечаток дека се што се случуваше во Македонија на политички план, сега се случува во Србија. Груевски иницираше “вонредни парламентарни избори” за апсолутно мнозиство, Вуќик го направи истото. Груевски го иницираше проектот “Скоје 2014”, Вучиќ го иницираше “Белград на вода”. Груевски против законски и свесно го рушеше “Космос” за случај во кој има аболицирани, сега Вучиќ исто така руши згради.


