106
Велешани осумнаесетти ден протестираат во боите на Шарената Револуција.
Протестот како и претходно, започна од пред кружниот тек кај Авона.
Демонстрантите се движеа по улицата Благој Ѓорев, покрај кафе баровите во Велес. Демонстрантите извикуваа Апаши, Вратете ги парите, Чади баба оставка, Бардовци за Илија, Поддршка за СЈО, Револуција, Затвор за фашистите, Мафија на робија. Протестот заврши на плоштадот С’рмаале на кој се повторија барањата на граѓанското движење Протестирам.
Вечерва имаше повеќе стотици демонстранти, протестот заврши мирно без инциденти.
промо: