Чаша црвено вино од 250 мл е еквивалентно на 214 калории. За се изгорат е потребно човек да направи 60 склека. Сајтот MuscleFood.com објави статистика, во која е пресметан физичкиот напор, кој треба да се вложи при горењето калории запишани со алкохолот, пишува “Дејли мирор”.
Љубителите на пивото треба да знаат дека кригла од омилено пиво е еднаква на 330 калории, а за нивно согорување е потребно 20-минутен високо интензивен тренинг.
Чаша бело вино од 250 мл содржи 190 калории. За согорувањето се потребни 30-минутни активности со кикбокс.
Љубителите на Џин со тоник можат да “дишат” порелаксирано од обожавателите на пивото и виното – 170 мл пијалокот се еднакви на 143 калории. Или ако преферираш – на 260 стомачни за согорување.
