Кој се крие зад авторството на портретите на Груевски и сопратииците?

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Можни имиња на сликари кои вчера беа спекулирани како автори на портретите на партиската зграда на ВМРО – ДПМНЕ, се украинецот Алексеј Кулаков и бугаринот Атанас Атанасов. Според информациите до кои дојдоа медиумите, сликарите ги поврзуваат со досегашните дела изработени за поставката на Музејот на македонската борба.

umetnost-6

На официјалниот веб сајт на музејот, за авторите на делата, единствено се назначени имињата на Кулаков и Атанасов кои одговараат на земјите на потекло.

Во 2011-та година, дневниот весник Нова Македонија, украинските уметници ги поврзува и со Археолошкиот музеј, а на официјалниот веб сајт на уметникот Кулаков, стои дека има изработено осум уметнички слики за овој објект.

Истиот уметник насликал дело и за Музејот за народната борба „Четата на војводата Илија Марков Малешевски“, а по се изгледа е ангажиран и за портретите на партиската зграда на ВМРО – ДПМНЕ.

dedo iljljo

Автор: Алексеј Кулаков/ Украина „Четата на Илија Марков Малешевски“

Станува збор за добро етаблиран уметник кој студирал во Украина. Тој е одликуван со државни награди и e член на Здружението на уметници во Украина. Од академските години е познат како сликар што портретира историските настани и битки. Како автор се јавува на уметничката слика „Битката кај Грунвалд“, работена  по  фотографија, што се поврзува со уметничките слики направени по истиот метод (со мали измени во опкружувањето) на македонските политичари од ВМРО -ДПМНЕ.

На официјалниот веб сајт на уметникот, објавени се цени за уметничките дела, кои се во формат од 120 см на 150 см и чинат до 12 илјади евра. Ако се земе во предвид дека за Македонија се работени во трипати поголем формат, тогаш сумата би се зголемила за неколку десетици илјади евра.

Под кои услови се ангажирани уметницети и дали овие дела се изработени во времето кога работеле за проектите на музејските поставки, платени со буџетски пари, треба да одговорат од Партијата на ВМРО ДПМНЕ. За сега, не коментираат за новонарачаните портрети.

Предходно во јавноста, за досегашните хонорари кои се исплатени на уметницете се пишуваше за вртоглави милионски суми. Според досегашното истражување на Призма.мк „Скопје 2014 под лупа“ музејот чини околу 17 милиони евра, склучени се 80 договори со правни и физички лица, а 50 од нив се за изработка на слики, декор и портрети.

Вероника Камчевска

Фотографија и изворна информација: Новатв.мк