143
Предводниците на Шарената Револуција, наречени „командосите“ синоќа беа одликувани со ордени за заслуги пред граѓаните. Тие активно осум недели учествуваат на протестите низ Скопје, а дел од нив беа главни обучувачи на демонстрантите како да управуваат со чаталот за бојадисување, јави Нова.
Шарената револуција веќе осум недели преку протести бараат повлекување на целосната одлука за аболиција и оставка на Иванов, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство, оставка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и итно ослободување на притворените демонстранти.
Дел од барањата се и вклучување на граѓанското општество во решавање на кризата и формирање на преодна влада.
ФОТО: Нова