(ВИДЕО) Поддржувачи и пријатели на Љубе Бошкоски пристигнуваат во Челопек

од Vladimir Zorba
118 прегледи

timthumb (1)

Во попладневните часови во селото Челопек почнаа да пристигнуваат поддржувачи на Љубе Бошкоски и членови на партијата Обединети за Македонија кои се упатуваа кон локалната црква каде што беше организиран ручек.

Бошкоски денеска пристигна во неговата куќа во селото и се упати кон црквата каде беше пречекан и му беше посакано добредојде.

timthumb (4)

Во кратка изјава Љубе Бошкоски се заблагодари на медиумите и сите луѓе коишто му давале поддршка додека бил во затвор, а медиумите кои ширеле пропаганда и немал можност да се одбрани кажа дека во наредниот период ќе им ја каже вистината.

vlcsnap-2016-06-04-17h37m46s056

Во Челопек пристигна и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Гојко Јаковлески, а тука е и лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

timthumb (4)

Бошкоски повика и на обединување на сите граѓани на Македонија и да престане омразата која се создаде помеѓу луѓето./ извор а1он