Жртвите од нападот во Истанбул може да се зголемат. Во моментов се пријавени 11 загинати и 14 повредени. Меѓу повредените има и еден човек во тешка состојба. Експлозијата избувна во близина на автобуската станица во централниот регион Бајазит. Целта на нападот најверојатно бил полициски автобус. Загинале седум соработници на полицијата.
Според првичните податоци е активирана бомба со помош на далечински управувач.
На интернет се појавија ужасни слики и видео записи од местото на трагедијата.
“Седуммина полицајци и четворица граѓани ги загубија животите”, изјави градоначалникот на Истанбул Васип Сахин. Според неговите зборови други 36 лица се повредени.
Во исто време од турската Агенција Анадолу јавуваат дека по експлозијата биле слушнати истрели. АФП наведува дека експлозивот која ја предизвикал експлозијата, бил активиран со далечински управувач. Сликите од инцидентот укажуваат акценти на автобус, кој е опожарен. Стаклата на околните продавници, исто така биле скршени од ударниот бран. На местото веќе се испратени амбулантни, пожарникарски возила и истражен тим, а мерките за безбедност се зголемени.
Се очекува подоцна да биде извршена контролирана експлозија на сомнително возило во близина на местото на нападот, наведува “Хуриет”. Според извештаите експлозијата се случила до метростаницата “Везеџилер”, која се наоѓа во близина на некои од главните атракции во историскиот дел на градот.
Во моментот станицата е затворена . Полицискиот автобус патувал кон Истанбулскиот универзитет за извршување на редовни обврски, посочуваат уште медиумите. Според “Џумхуриет” сите испити закажани за денес во кампусот се откажани.