„Шарената револуција“ денеска во 12 часот блокираше повеќе крстосници во центарот на Скопје. Покрај најавените три крстосници, ненајавено, со герила-акција, беше блокирана и крстосницата кај Министерство за економија, што ги изненади возачите.
Полицијата го пренасочи сообраќајот од крстосниците за кои се најави дека ќе бидат блокирани #протестирам pic.twitter.com/tlc0PaSTtb
— META.mk (@meta_agency) June 8, 2016
Претходно, полицијата го расчисти сообраќајниот метеж на предвидените крстосници, на кои, додека беа блокирани, немаше нервозни возачи.
Ненајавена герила акција, односно блокирање на крстосницата кај Министерство за економија #ШаренатаРеволуција pic.twitter.com/GiH9IZG49H
— META.mk (@meta_agency) June 8, 2016
Како што најавија од „Шарената револуција“, тие ќе изведуваат вакви герила-акции и понатаму, сè до 18 јуни, рок кој го дадоа за решавање на политичката криза. Тие побараа оставка од претседателот Ѓорге Иванов, формирање на техничка влада, ослободување на сите притворени демонстранти и одржување на фер избори со прочистен избирачки список./ извор Мета