Империјалната лудило е болест која тешко се лекува. Примери има многу: Русија, Турција и дури спротивно примерни држави како Велика Британија, која сега, под влијание на оваа болест, е на пат да да ја проигра”” иднина- анализра DW.
Веројатно сте си go поставувале прашањето: зошто токму Обединетото Кралство прво прави референдум за излез од ЕУ? Еден од одговорите: бидејќи тоа е онаа голема империја која во 19 век владее so една четвртина од светот. Во имагинацијата на просечниот Британец, кој живее со историски серии, фудбалски тепачки и онлајн игри, станува збор за загубено величие, заменето со безлични чиновници од Брисел – оние каде што го мерат искривување на краставиците. За повеќе економски размислувања идејата е да се опорави Комонвелтот, а Англија повторно да стане колонијален центар. Со одлучувачката помош на браќата од САД.
Слично царски лудило гледаме во последните години во многу други формати. “Империја” значи да владееш со силата на оружјето врз различни народи и територии. Претпоставувајќи ја оваа дефиниција, желбата за империја значи да се кренеш против слободната трговија, утврденото право, планетарната размена и пазар – и да ги диктирааш условите од позиција на сила.
Русија и силната рака
Прва во оваа насока се лизна Путинова Русија. Таму империјалистичкиот сон се изразува, а се практикуваат и сосема спокојно. Оставете ја Украина, земете ги односите со Европа: наместо трговија и договарање – притисоци и закани. Како да станува збор за игра со еден единствен можен излез – или ние, или тие. Освен со природни богатства, оваа голема земја денес се занимава главно со доведување во подготвеност нуклеарен потенцијал, да зазема туѓи територии,да демонстрира верзија на моќта во Сирија и така натаму. Дали оваа традиционален империјазиам им се одразува добро? Веројатно не, штом една цена на нафтата може да ги погоди така силно. Но пак екстремнодесничарската интернационала, ако така ја наречеме, верува во силната рака. И онака тука секогаш било така, со мали паузи во времето на Ленин и потоа на Елцин.
Јевтиќ против Мустафа,бара изградба на „Долината на сонцето“
Турција и заразата
Империјалната болест е уште смешна кога ја зарази релативно малата држава како Турција и таа земе да надувува мускули. Всушност доктрината на ослободениот премиер Давутоглу за т.н. неоотоманизам сосема не е агресивна и завојувачка. Тој признава дека империјалната историја ќе и овозможи на Турција да оствари економска експанзија и добри односи со сите соседи. Да, ама империјално минато е секогаш двосмислено и одеднаш се покажа дека Турција е во крајно напнати односи со сите свои соседи. Идејата е добра, но никој не сака да се сеќава на минато, во кое бил потчинет.
Халифатот и крвта
Што друго освен царско лудило е најкрвавиот нео-калифат во Сирија и Ирак? Бедно и спротивно искуство за реванш на оружјето против глобалниот поредок, за власт, основана на силата и војнички подготвеност да умреш за каузата. Божем херојството и храброста се чини дека ќе мора да ги плаќаат борците, да тргуваат со нафта, со дрога, можеби и со органи, да го купуваат оружјето во кое се заколнуваат, ако сакате – да стават пропагандни видеа од американскиот Јутјуб. Тоа не е никаква империја – тоа е банда ситни шверцери, паразитирачка во порите на глобалниот свет.
САД и величието
Да дојдеме и до САД, на кои Доналд Трапм сака да го поврати величието, вклучувајќи со тезата дека не ја исклучува употребата на нуклеарно оружје во Сирија. Но прегледајте ги неговите политички говори (ако за овој лик воопшто важи таков израз). Тој е практично изолационист – не му треба НАТО, не гледа смисла да се меша во Блискиот Исток, сака да гради физички ѕид против мексиканските мигранти и комерцијална војна против кинеските производи. Единствената останата глобална империја сака да се откаже од светската улога. Ако го размислиме така, ќе видиме дека всушност Трамп – познат како учесник во реално шоу и реклами – само ја допира имагинацијата на публиката со приказни за сила и величие. Всушност, тој е изолационист во многу поголема мера од Обама, кој победи на изборите со програмата за повлекување од Блискиот Исток и оддалечување од Европа. Станува збор за реконвалесценција од империјалната лудило, а не обратно.
Велика Британија и заблудата
И така: Обединетото Кралство. Можно ли е да се обнови империјата на Викторија, над која сонцето никогаш не заоѓа? При тоа без познатата gunship politics, политиката на борбените бродови кои принудуваат големи земји како Кина да го отворат пазарот за нивните стоки во времето на опиумските војни?
Прашањето е реторичко: никаква империја нема да го закрепне Борис Џонсон и ако треба да комуницира со Индија, не е сосема сигурно кој кого ќе поплави. Велика Британија ќе ги изгуби сите нивни трговски договори, вклучувајќи со ЕУ, со Кина, со САД и како што рече претседателот Обама – ќе треба да се нареди на опашката и да почне да се договара од нула. При тоа како еден многу мал партнер во споредба со половина-милиардната Европска унија. Бидејќи постигнатите договори се вреден капитал, а не само “потребното”, како што ги нарекуваат некои родни мислители. Политика се прави или со договори, или со империјалната моќ. А денес Британија нема империјална моќ. Покрај онаа која ја послужи од нивниот национален спорт – историските реконструкција. Па, ќе помечтаат малку, а потоа, кога Шкотлаѓаните ќе закажат референдум за излез од Велика Британија, како што веќе најавија во случај на Брексит, и тие ќе запеат: Ве молиме, не не напуштајте!

