За главата на вождот: “Oној кој ќе не навреди, нема да преживее и три дена”

од desk3
87 прегледи

 

Слабите, како што сака да повторува Путин, ги тепаат, а “оној кој ќе не навреди, нема да преживее и три дена”. Овие мисли на Владимир  Владимирович ја откриваат најболната точка на руската психа, за која тој изнајде лек-пишува DW.

0,,19289366_303,00

О, спорт, ти си власт! Или поточно една од нејзините потпори. Масовниот корисник на руската пропаганда најверојатно и во сон да ги прашате ќе го реплицираат она што е автоматизирано: “Дедовците војуваа!”, “Крим е наш!” И “Русија е шампион!”. Државната идеологија на Путин се крепи на три пропагандни столба – прославување на минатите воени победи, на сегашни воено-политички и на спортски победи. Примитивно, но пак доста ефикасно. Токму оваа идеолошка тријада им се допаѓа на луѓето и им овозможува да се чувствуваат “победници”.

Во Кремљ многу точно утврдиле која е болната точка на јавната психа. Русите, кои во 1990-те години болно ја доживеаја “најголема геополитичка катастрофа на 20 век” / распадот на СССР / и се чувствуваат губитници од пазарните реформи, имаат акутна потреба од илузионистички успех. Ако не личен, тогаш барем успех на земјата како целина. Играњето со оваа хронична социјална траума, руските власти си обезбедуваат безусловната лојалност на населението.

Држава, која се однесува како навивач

Руската идеологија за победите е блиска до светоглед на спортските фанатици. Оваа идеологија го дели целиот свет на “наши” и “противници”, кои треба да бидат поразени по секоја цена. Како меѓу фанатичните навивачи, така и во владејачката руски елита, господства култот кон силата која се гледа како единствен начин за решавање на повеќето проблеми. Слабите, како што сака да повторува Путин, ги тепаат, а “оној кој ќе не навреди, нема да преживее и три дена”. Интересно е дека претседателот на општоруското обединување на руските навивачи Шпригин ја постираше на Твитер токму оваа изјава на Путин пред да отпатува за Европското првенство во Франција.

(Фото 18+)Хрватиците тргнаа со голи гради против владата

Многу Руси ja сметаат светската политика како некакво глобално спортско првенство. Тие седат пред телевизорите со болно стиснати тупаници и gi поддржуваат “нашите”, односно оние кои ja презентираat пропагандата. Така беше за време на анексијата на Крим, така беше и при борбите во Донбас, така беше и при бомбардирањето во Сирија. Агресивноста на фанатиците е во комбинација со сомнителност. Тие имаат тенденција да се сомневаат дека противникот игра валкана игра, во обид да ги понижи и провоцира “нашите”.

Токму на оваа линија оди и логиката на руската пропаганда кога ги одразува активностите на други држави кои не му се допадѓаат на руското раководство. На овој начин беа претставени конфликтите со Украина, со Турција, ситуацијата со санкциите на ЕУ и САД. Едвај руските фудбалски хулигани би се одлучиле на такви насилства во Марсеј, ако не беше насадена во општеството омраза кон странските противници, кои треба да бидат поразени по секоја цена или барем “натиснати во аголот”.

“Идеологијата на победата” постепено стекнува тоталитарни карактеристики. Та нели се проповеда дека во “борбата за победа” општеството треба да е монолитно. Ова мислење го дели и Руската државна телевизија. Германскиот новинар и автор на филмот за допинг- Хајо Зепелт неодамна фрли во тотален шок една соработничка на Руската државна радио и телевизиска компанија, пред која беше изјавил дека независноста на еден новинар е поважна од неговата љубов кон татковината. Само што, според новата руска државна идеологија, секој вид ма професионална дејност е само и единствено форма на извршување на Патриотскиот долг. Поради тоа од луѓето се бара да бидат најпрво “пријатели на својата татковина”, и дури потоа – новинари, спортисти или министри.

За да ја задржи својата популарност, актуелната власт во Русија е принудена периодично да му нуди на населението нови “победи”. За таа цел се користат истите криминални методи или тајни специјални операции и во спортот, и во политиката.
Типичен пример во тој поглед беше Олимпијадата во Сочи. За Кремљ оваа акција најверојатно била не помалку важна од окупацијата на Крим. Како раскажува поранешниот шеф на антидопинговата лабораторија Родченков, за првпат во светската практика организаторите на една Олимпијада создале систем за неказнето снабдување на своите спортисти со допинг, вклучувајќи и за масовни замени на допинг примероци.
Ако војсководецот не носи среќа на племето, тоа го “јаде”
Едвај рускиот национален фудбалски тим ќе биде навистина дисквалификуван и отстранет од Европското првенство во фудбал. А и повеќето руски спортисти најверојатно сепак ќе можат да учествуваат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Овие скандали сепак ќе имаат долгорочни последици. Сега руските спортисти се ставени под строга меѓународна контрола. А тоа значи дека лишен од допинг, руски спорт нема да има истите успеси, како досега. “Идеологијата на победата” и поврзаната сп неа пропаганда нема да функционираат ефикасно без реални успеси дури и во спортот, бидејќи во економијата и надворешната политика такви успеси воопшто не може да се очекуваат.

Во некои примитивниот племиња постоело верување дека војсководецот е должен да носи среќа на племето. Во спротивно го симнувалее од лидерската улога. Руското општество е доволно архаично во своите сфаќања. Популарноста на Путин секогаш ќе почне да се намалува, ако луѓето престанат да го гледаат како успешен владетел кој ја “води земјата од победа во победа”. А проблемите во спортот, предизвикани од допинг скандал и од фудбалските тепачки, можат да одиграат важна улога во овој поглед.