Најдебелото дете во светот: Има 10 години, а тежи 192 килограми

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Доста вознемирувачки е да си само на 10 години, а да тежиш цели 192 килограми. Ова е приказната на Арја Перм, раскажана од Daily Mail.20b60fd637f0731460fbff93f5769582

Момчето живее во Индонезија. Тоа немало големи димензии како се родило.Мајка му објаснува дека имал 3,2 килограми, но полнејќи две години почнал да станува полничок.

Во почетокот неговите родители не се грижеле и го прифатиле како покрупен, но во еден момент неговата тежина излегла надвор од контрола и сега го загрозува неговиот живот.118090d511d1f6f7f1741f93328076ad

Денес велат дека тој е најдебелото дете во светот. Јаде по пет пати на ден. Менито вклучува ориз, риба, телешко, супа од зеленчук – количество кое спокојно може да нахрани двајца возрасни.2ccb82233cf1043eb465ea8bfabfc0de

Поради килограмите момчето го напушта училиштето, бидејќи не може да оди, а мајка му Рока изјави за весникот дека тој е вечно гладен.

Според неа, тој има огромен апетит и е постојано уморен. Се жали од недостиг на воздух. Секојдневието му поминува единствено во јадење, спиење и од време на времеотскокнување во кадата во која останува со часови.5a28124afdf46c6cc1dd26ab3dcd7f1d

Во моментов родителите на Арја се обидуваат да му ја ограничат количината храна и го подложиле на диета, вклучувајќи исклучиво кафеав ориз.

“Син ми расте со брзо темпо и сум загрижена за неговото здравје. Не знам друг начин даго запрам да стане потежок од овој да му давам помалку храна “, објаснува уште жената.18ab773dab71bdba103ce082c38ffe42

Според неа Арја може да прави сосема мали чекори без да изгуби рамнотежа. А, нејзиниот најголем сон е да го види своето дете да учи, да игра со другите деца во соседството.

Арја е вториот син на 35-годишната Рока и 45-годишниот земјоделец Аде Сомантри. Двајцата родители го воделе по лекари, кои сепак не откриле ништо ненормално за загрижувачката тежина.ff74f4881f8e384d6db0f558a549eb9d

“Ако сметаме дека му треба подобра медицинска помош, лекарите ни рекоа да го однесеме во подобри болници – раскажува таткото и додава дека ја нема таа можност, бидејќи веќе има потрошено доста пари за лекувањето на Арја.

Тој изјави уште дека нема доволно пари за да го храни своето дете, бидејќи заработува 100 фунти месечно и понекогаш му се наметнува да земе заем. Се надева дека ќе го види еден ден детето нормално.