Роналдо: Сонот ни е се поблиску

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Суперѕвездата на Португалија и европскиот фудбал Кристијано Роналдо изјави дека неговиот тим се доближува поблиску до сон титула од Евро 2016.

4919285Синоќа “морепловциte” станаа првиот тим so пласман за топ 4 во Франција по успехот над Полска. Четвртфиналниот судир помеѓу двата тима, одигран на “Стад Велодром” во Марсеј, заврши со нерешено 1: 1 во регуларното време и во продолженијата, а при пеналите Португалија победи со 5: 3. “Се повеќе се доближуваме до нашиот сон и веќе се е можно. Дури и мојата кариера да ја завршam  денеска повторно ќе се чувствувам среќен од постигнатото. Сепак никогаш не сум криел и ќе го кажам уште еднаш – ќе бидам многу среќен ако освојам титула со Португалија. За радост во моментов сме на вистинскиот пат “, изјави Роналдо. За место во финалето Португалците ќе расправаат со победникот од дуелот помеѓу Белгија и Велс.