Германија ја сврте историјата со победа над Италија

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Германија  ја победи Италија во Бордо со 6: 5 по изведувањето на пенали и си обезбеди место во полуфиналето на Европското првенство во Франција. Успехот на Бундестимот е историски, откако тимот за прв пат ги победува азурите на голем турнир. Досега во осум средби Италијанците ги  победуваа четири пати Германците на светски и европски првенства и исто толку средби беа завршиле нерешено.

4923576

Дуелот во Бордо беше решен по изведувањето на пенали откако заврши  1: 1 во регуларното време и продолженијата. Германија поведе со гол на Месут Озил во 65-тата минута, а Италија израмни преку Леонардо Бонучи во 78-та. Натпреварот во Бордо започна со едноминутно молчење во спомен на жртвите од терористичкиот напад во Бангладеш, при што загинаа италијански државјани.

Во почетните минути двата тима се надигруваа  тактички инедостигаа шанси пред двата гола .  Тренерскиот штаб на Германците беше принуден да направи присилна промена уште во 16-тата минута, кога Сами Кедира беше заменет од искусниот Бастијан Швајнштајгер. Последниот постигнат  гол со глава во 27-тата минута, но изврши прекршок  против Матија Де Шиљо во обид да се позиционира и погодокот беше поништен. Во 41-тата минута Гомез пука опасно со глава, но топката мина над гредата. Две минути подоцна Италијанците беа блиску до гол – Џакерини се измолкна од фластерите  на германската одбрана и влезе во казнетиот простор, речиси од гол линијата центрираше ниско и топката се најде во Стефано Стураро, но шутот на халфот на Јувентус удри во телото на противнички играч и излезе во корнер. Тоа беа и двете најопасни ситуации за првите 45 минути. Германците нанесоа својот удар во 65-тата минута, кога Јонас Хектор му подаде  на Месут Озил, а тој одблизу  безмилосно мрежата на Буфон. Три минути потоа Озил поднесе одлично на Марио Гомез, кој се најде сам против Буфон и обиди да го премости ефектен со пета, но голманот на азурите одби во корнер.

4923577  Минута пред крајот на регуларното време Де Шиљо со Шутот надвор од казнетиот простор можеше да му ја донесе победата на тимот од Апенините, но промаши . Следеа продолженија и во првото од нив не се случи ништо сериозно. За статистиката ќе остане дека Германија игра дополнително време на Европското првенство за прв пат од 20 години – во 1996 година Бундестимот во финалето ја  надигра Чешка со 2: 1. Во второто продолжение не се случи нешто различно и по два часа игра дојдоа  ред на пеналите. Во решавачкиот од нив Матео Дармиан не успеа да ги надмине Нојер, а Јонас Хектор не згреши од  белата точка. Во претпоследната фаза на турнирот Германија ќе игра со Франција или Исланд. Во другата полуфиналната средба ривали ќе бидат Велс и Португалија.