Благодарение на новиот договор со Барселона напаѓачот Нејмар ќе заработува не само повеќе пари од клубскиот колега Лео Меси, но и од секој друг фудбалер на планетата.

Веќе стана јасно зошто Нејмар не брзаше да потпишува нов договор со каталонците – Бразилецот успеа да го добие најскапиот договор во историјата на светскиот фудбал. Барселона беше подготвена да направи се за да ја задржи својата ѕвезда. Нејмар имаше поволни понуди од ПСЖ и Манчестер Јунајтед, како и од големиот ривал на каталонците во Шпанија – Реал. Земајќи ги предвид овие околности, Барса мораше да се согласи да ги исполни сите услови на Нејмар. Сега тој ќе заработува чисти 25 милиони евра годишно. Тоа е со три милиони повеќе отколку во моментов добива Меси. Нејмар може да биде купен од друг клуб за 200 милиони евра на првата година по потпишувањето, за 225 милиони. На втората и за 250 милиони. На третата. За 3 години кариера во Барселона Нејмар учествуваше во 141 натпревари, во кои реализира 85 гола.