Изминавме долг пат до тука, но се боревме и верувавме во себе. Подобро е да почнеш лошо, но потоа сè да заврши добро.

Ова го изјави суперѕвездата на Португалија, Кристијано Роналдо по успехот со 2: 0 против Велс во Лион. “Го сакавме тоа од самиот почеток. Играчите, тренерите и медицинскиот персонал си го заслужија овој успех. Се надевам дека по финалето на моето лице ќе има насмевка и солзи од радост. Секогаш сум велел дека сакам да направам нешто за Португалија. Сега се доближивме на чекор од сонот “, изјави Роналдо по дуелот. Тој беше избран за играч на натпреварот, откако го постигна првиот гол и изработи вториот. Во завршниот дуел на Евро 2016 Португалија ќе игра со Франција или Германија.