Реформите и кризата ја носат Нуланд во Тирана, Приштина и Скопје

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски работи Викторија Нуланд,во рамките на нејзината балканска турнеја, во недела, 10 јули, ќе престојува во Тирана, а потоа во Скопјеnovi_nuland

Во албанската престолнина, Нуланд ќе има средби со високи владини функционери, лидери на политички партии, но и со претставници на граѓанскиот сектор. Главна тема на средбите ќе бидат реформите во правосудтсвото за кои и понатаму власта и опозицијата имаат спротивставени ставови и далеку се од потребниот консензус.

„Нуланд во Тирана го придружуваше државниот секретар Џон Кeри, за време на неговата куса посета на Тирана во срeдината на февруари година, при што нејзината порака беше што побрзо изгласување на реформите. Идентична порака таа на албанската политичка класа и упати и при нејзиниот престој во Тирана пред една година#, потсетува телeвизијата Топ-чанел.

Според истиот извор, во текот на изминатата недела таа имала интензивни контакти со албанската опозиција, кога во телефонските разговори со лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша и поранешниот албански премиер и екс лидер на демократите, Сали Бериша, била запозната со се уште нерешените прашања, како и предлозите на ДП.

Гласањето на реформите се очекува да биде во парламентот на 21 јули. Пред овaа седнiца се очекува Нуланд да упати јасна порака до албанската политичка елита.

Истиот ден, Нуланд ќе престојува и во Приштина, во обид да помогне во решавање на прашањето за демаркација на границата со Црна Гора, a во понеделник пристигнува во Скопје. Главната тема е решение за длабоката македонска политичка криза. Претстојните деноови се интензивирани контактите и средби во функција за договри и преговори за излез од кризата. Се очекува со доажањето на Нуланд некои прашања да бидат затворени.

Слични содржини