Дешамп: Победата им помогна на Французите да заборават на се

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Селекторот на Франција Дидие Дешамп  и се заблагодари на публиката на стадионот “Велодром” за неверојатната поддршка, која им помогна на “петлите” да го отстранат светскиот шампион Германија.4934154 (1)

“Без сомнение поддршката одигра важна улога. Ние не можеме да ги решиме сите проблеми на нашата земја, но можеме да им  подари на Французите такви емоции, кои помагаат да се заборави сето тоа. Мислам дека денес успеавме да ја  обединиме земјата”, изјави Дешамп. Тој истакна дека е направен важен чекор на домашното Европско првенство, но главното треба да се случи во недела “Тоа им го  реков на момците во соблекувалната. Имаме само два дена за подготовка и треба за финалето да сме во добра состојба. Тоа е клучното прашање. Благодарен сум на тимот за освојување на овој тежок натпревар. Сите знаеме што е да  го победиш светскиот шампион. Гризман е исклучителен играч кој уште еднаш го потврди тоа на теренот. неговата брзина и техника ни помагаат не само да постигнува, но и да создаваме позиции. Затоа неговата улога е голема за нас. најважно е дека сите играчи ја оценуваат оваа одговорност, која лежи на нивните рамена “, додаде селекторот.