Пол-позицијата на „Силверстоун“ за Хамилтон

од Vladimir Zorba
78 прегледи

 

Британецот Луис Хамилтон ќе тргне од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Велика Британија во Формула 1 шампионатот.download (56)Хамилтон на патеката „Силверстоун“ беше најбрз во квалификациите, пред тимскиот колега Нико Розберг од Мерцедес и Макс Верстапен од Ред Бул.

Британецот по 55. пат во својата кариера ќе ја предводи колоната на трка во Формула 1.

По „тројката“ следуваат Даниел Рикардо од Ред Бул, двоецот на Ферари Кими Раиконен – Себастијан Фетел, Валтери Ботас од Вилијамс, Нико Хулкенберг од Форс Индија,…

Главната трката за Големата награда на Велика Британија почнува утре од 14 часот.