Како реагираат различните хороскопски знаци кога ќе ги откачат

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Раскинувањето на една врска е непријатна работа и бара тактичност и внимателност.Особено ако против себе имате претставници на одредени хороскопски знаци. Секој знак има свои особености и е добро да знаете како да пристапите, ако сакате да се извлечете од овие односи цели и непроменети.fae6456d59d26817cd4dfdfea68a7eb6

Овен – Може да добиете тупаница во лицето, сепак си имате работа со животно со рогови.

Бик – Тие се тврдоглави, па тешко дека лесно ќе ви овозможат да излезете од нивните раце. Но еднаш штом решат, враќање назад нема.

Близнаци – Тие се целосно непредвидливи и може да полудат или пак да си ги соберат своите куфери и да заминат на одмор, како ништо да не се случило.

Рак – Многу емоционални, но и прикриени кога сакаат. Веројатно ќе се однесуваат како сè да е во ред, но внатрешно ќе се надеваат да страдате и ќе си платите за стореното.

Лав – горделив до бескрај, тие ќе си заминат со високо крената глава, но потоа бидете подготвени да се судрите со гневот – исечени гуми, потпалена куќа и т.н.

Девица – избалансирани и спокојни, тие бегаат од драмата. Но, исто така и калкулираат. Не очекувајте да ги добиете назад подароците или кредитна картичка.

Вага – Тие се практични и стапнати цврсто на земјата. Не очекувајте да плачат или да се кршат на подот. Ќе изедат кофичка сладолед и потоа ќе се тргнат на забава каде ќе најдат друг / а.

Скорпија – Скорпионите не трпат никој да си поигрува со нив. Не очекувајте да си одите “цели” по разделба со претставник на овој знак. Злобни до болка, тие ќе ви вратат по секоја цена.

Стрелец – слободољубиви по душа, тие не сакаат да влегуваат во улога на жртва. Ќе се обидат да ја спасат врската, но ако не успеат, само ќе ви речат: “Еби се” и ќе продолжат понатаму со високо дигната глава и доза оптимизам.

Јарец – Овие рогати “животни” се тврдоглави, но многу разумни. Со логика ќе се обидат да ги ја поправат врската. Во случај да не е успешно ќе ја треснат вратата и повеќе нема да слушнете за нив.

Водолија – Ќе си заминат со насмевка и ќе се надеваат кармата дека ќе си ја заврши работата.Без драми!

Риби – Тие живеат во свој свет, но се многу чувствителни. Подобро пократко со нив и со финес, инаку ќе ве бомбардираат со сите непријатни епитети на светот.