Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите

од Vladimir Zorba
99 прегледи

 

Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо изјави дека со освојувањето на Европското првенство во Франција му се исполнила една од најголемите желби во неговата кариера.eder-ronaldo-331x219

– Многу сум среќен. Чекав за трофејот долго време, уште од 2004 година му се молев на Бога да ни даде втора шанса затоа што заслуживме. Отсекогаш сум сакал да стигнам до трофеј со репрезентацијата и го постигнав тоа. Ова е еден од најубавите моменти во мојата кариера, изјави Роналдо по натпреварот.

Тој финалето на ЕУРО 2016 против домаќинот Франција поради повреда на левото колено го напушти во 24.минута.

– Морав да излезам од теренот, но верував во моите соиграчи. Народот во Португалија го заслужи овој успех, заклучи Роналдо.

Ѕвездата на Реал Мадрид ги обедини најзначајните европските трофеи од Лигата на шампионите и Европското првенство.

Португалија до првата титула на континенталниот шампионат стигна по победа над Франција со 1:0 по продолженија.